Новости

Фудбал

Дали знаете од која лига доаѓаат најдобрите напаѓачи во Европа!

Бундеслигата во моментот ни ги дава најдобрите три напаѓачи кои играат во изворедна форма. Халанд, Роберт Левандовски и Тимо Вернер оваа сезона играат фантастично во првенствата, но и во Лигата на Шампионите, како и во домашните купови. Ако се собре нивната статистика, тројцата заедно имаат постигнато 101 погодок во сите три натпреварувања.


Левандовски за Баерн сезонава има постигнато 36 погодоци на 31 натпревар и е прв стрелец во Бундес Лигата, додека Вернер на вкупно 32 натпревари во сите натпреварувања има постигнато 26 погодоци и има асистирано 10 пати. Моментално најдобриот млад фудбалер кој игра во навалната линија Ерлинг Халанд пишува историја, откако пред помалку од два месеци го облече дресот на Борусија Дортмундт а веќе успеа да постигне осум погодоци во Бундеслигата. Но ако се погледне неговата целокупна статистика сезонава вклучувајќи ги и настапите за Салцбург, тој има 39 погодоци на 29 натпревари, како и осум асистенции. Едноставно речено машини за постигнување на погодоци.

GOLD
To Top