Новости

Фудбал

Дали кинеските газди на Милан се измамници?

Милан е далеку од местата што носат пласман во Лигата на шампионите. Бодовниот минус во однос на конкурентите во овој дел од сезоната е таков што малкумина веруваат дека тимот може да се врати во трката за пласман на една од првите четири позиции во Серија А.

Милан доби нов сопственик, во летниот преоден рок во засилувањата беа вложени речиси 200 милиони евра, но работите на терен не одат според планот на клупските челници и тренерот Монтела.

Незадоволни од неубедливите партии се навивачите, кои денес се соочија со нов шок по текстот што го објави „Њујорк тајмс“, во кој весникот тврди дека сопственикот Ли Јонхонг е измамник.

Ли од Силвио Берлускони го купи Милан за сума од 750 милиони евра. Според весникот, повеќето од парите со кои го купил клубот Ли ги позајмил од американскиот инвестициски фонд „Елиот фонд“. Овој фонд е познат како грабливец бидејќи позајмува пари со огромни камати.

GOLD
To Top