Новости

Фудбал

Дани Алвес: Повеќе сакам да асистирам, отколку да давам голови

Дефанзивецот на Јувентус, Даниел Алвеш беше еден од најдобрите на теренот во победата од 2-1 над Монако во полуфиналето во Лигата на Шампионите. Бразилецот асистираше за првиот и сам го постигна вториот гол на натпреварот, а „бјанконерите” стигнаа до финалето.

„Најважно е да бидам корисен за тимот, без разлика дали постигнувам или не поднесувам гол. Не ми се случува често да постигнувам гол, па затоа сум среќен, но секогаш сум ги сакал повеќе асистенциите. Симболот срце, кој го покажав беше за мојата девојка. Таа секогаш е до мене. Во таков посебен момент е важно да се сеќаваш на посебните луѓе во твојот живот и да им се заблагодарш за она што го прават секој ден. Тоа е за нив. Мило ми е дека животот ми дава ваква шанса.

Ова е важен момент за целиот тим. Работевме напорно за да стигнеме до тука, но сеуште не сме постигнале ништо. Ако победиме во финалето, тогаш можеме да бидеме задоволни “, изјави Алвес.

Евротип
SNBROKER
To Top