Новости

Фудбал

Денес се влечат групите за Лига Европа

Откако вчера беа извлечени групите во Лигата на шампионите, денес УЕФА ќе ја изврши и ждрепката за фазата по групи во Лига Европа.

Пласман во главната фаза изборија 48 екипи кои ќе бидат поделени во 12 групи. Во нокаут-фазата ќе се пласираат по два тима од секоја група, на кои ќе им се приклучат и третопласираните тимови од групите во Лигата на шампионите.

Меѓу носителите има поранешни европски шампиони (Порто и Манчестер Јунајтед), а тука е и најтрофејната екипа во ова натпреварување, Севилја.

Покрај овие три тима носители се уште и Арсенал, Рома, Динамо Киев, Бешикташ, Спортинг Лисабон, ЦСКА Москва, Лацио, Базел и Волфсбург.

Извлекувањето ќе започне во 13 часот.

GOLD
To Top