Новости

Фудбал

Денес ќе биде и официјално: Кутињо потпиша за Барселона

Ливерпул се согласи да ја продаде својата бразилска ѕвезда Филипе Кутињо во Барселона за 160 милиони евра.

Според изданието, официјалната најава за трансферот е одложена додека Ливерпул не најде замена за бразилскиот играч од средниот ред.

Во моментов, клубот од Мерсисајд преговара со Монако за Тома Лемар и со Арсенал за Алекс Окслејд-Чемберлејн. Ако успеат да привлечат барем еден од нив, тие ќе го завршат договорот за Кутињо, кој ќе стане вториот најскап играч во историјата по Нејмар.

Претходно ова лето бразилската ѕвезда ја напушти Барселона и се префрли во ПСЖ за 222 милиони евра.

GOLD
SN Finansii
To Top