Новости

Фудбал

Ди Марија во милост и немилост на Унаи Емери

Лошите резултати на актуелниот француски фудбалски првак ПСЖ создаваат конфликтни ситуации во екипата.

Една од нив објави Радио Монте Карло и тоа од мечот против Генгамп. ПСЖ го загуби тој натпревар а по неговото завршување тренерот Унаи Емери имал жесток вербален дуел со една од ѕвездите во екипата Анхел ди Марија.

Зборовите на шпанскиот стручњак не му се допаднале на крилниот фудбалер кој, наводно, поради повреда не играше во средата против Лориен. Ди Марија си замина од Реал Мадрид во 2014 година но, не се наметна во Манчестер Јунајтед.

Евротип
Евротип
To Top