Новости

Фудбал

Добра вест за Јувентус: Роналдо ќе замине со екипата за Амстердам

Кристијано Роналдо ќе биде дел од експедицијата на Јувентус за задутрешната четвртфинална пресметка против Ајакс од Лигата на шампионите (ЛШ), но сѐ уште не е познато дали ќе се најде во стартниот состав на тимот од Торино на овој натпревар.

Португалецот се чуствува подобро по повредата на мускулот добиена за време на настап на репрезентацијата, но сѐ уште нема тренирано со останатиот дел од екипата. До средбата на „Амстердам арена“ има уште 48 часа, кои во таборот на Јуве веруваат ќе донесе простор за дополнително опоравување на Роналдо.

Најреално е да се очекува дека португалскиот репрезентативец ќе одигра најмногу половина час на првата средба, а дека ќе биде максимално подготвен за реваншот во Торино.

Евротип
Евротип
To Top