Новости

Фудбал

Драгарски и Маркоски спогодбено си заминаа од Победа

Полуфиналистот на Купот на Македонија, прилепска Победа во вториот дел од шампионатот на Македонија ќе игра без двајца клучни фудбалери оваа есен. Имено, денес дефанзивецот Христијан Драгарски и фудбалерот за врска Ристе Маркоски спогодбено го раскинаа договорот со клубот и слободни се да бараат нова средина.

Двајцата беа стандардни оваа есен и одиграа голем дел натпревари, па на челниците на Победа нема да им биде лесно да најдат адекватни замени. Победа и натаму кубури со проблеми околу буџетот за вториот дел на сезоната и непознато е со кој играчки кадар ќе игра напролет.

Победа презими на деветтото последно место со 17 бода, исто колку и струмичка Беласица.

GOLD
To Top