Новости

Фудбал

Едноминутен молк за Сала на сите натпревари во ЛШ и Европската лига

УЕФА потврди дека сите натпревари во ЛШ и Европската лига ќе почнуваат со едноминутен молк за да му се оддаде почит на прерано починатиот фудбалер Емилијано Сала.

Сала во средината на јануари замина од Нант со трансфер вреден 17 милиони долари и се пресели во редовите на Кардиф. На враќање од Франција во Велс, откако отиде за последен пат да се поздрави со соиграчите од претходниот клуб, Сала загина во авионска несреќа со неговиот приватен авион.

Потрагата по остатоците од авионот во кој летаа само тој и пилотот Дејвид Ајботсон, заврши за три дена, па откако беа собрани донации беше спроведена приватна истрага и беа најдени остатоци од авионот и телото на Сала на дното на Англискиот канал.

Телото на Сала беше идентификувано на 7 февруари, а телото на пилотот уште не е најдено.

„Во име на УЕФА би сакал да изразам искрено сочувство до семејството на Емилијано Сала. Ги замолувам сите навивачи ширум Европа во наредниве денови да оддадат почит во сеќавање на Емилијано Сала“, истакна Александер Чеферин, претседателот на УЕФА.

Клубовите што играат во УЕФА исто така ќе носат црни ленти, како уште еден знак на сеќавање на Сала, аргентинскиот напаѓач кој поголемиот дел од кариерата го помина во Франција.

 

GOLD
To Top