Новости

Фудбал

Елмас замина за Ереван како големо засилување за младата селекција

Поради суспензијата од парни жолти картони за мечот со Албанија, селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го повика Елиф Елмас во составот на младинската репрезентација за дуелот против Ерменија.

Елмас беше дел од нашиот сениорски тим на гостувањето во Израел и асистираше за победничкиот гол на Пандев. Сега тој ќе им се приклучи на младинците во обид да извојуваме стартна победа во новиот квалификациски циклус кај младинците.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра утре од 17 часот во Ереван.

Евротип
Евротип
To Top