Новости

Фудбал

Започна пријавувањето за Традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал – Македонски Брод ’98

После четири месечни подготовки, денеска започна пријавувањето за Традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал-Македонски Брод ’98 кое ќе трае до 31 јули 2018 година.

ТУРНИР во МАЛ ФУДБАЛ – МАКЕДОНСКИ БРОД ’98 – 2018 година
П Р А В И Л Н И К-I дел (пријавување на екипи)
1. Организатор на Турнирот е Општинскиот сојуз за училишен спорт од Македонски Брод.
2. Уплатата за учество на екипите изнесува 4,000.оо денари и истата се уплатува на жиро сметка на Организаторот-ОСУСМБ (Сопственик на сметка: ОСУСМБ, Банка: Комерцијална Банка АД Скопје, Сметка број: 300280000024563, ЕДБ: 4018010501211)
3. Пријавувањето на екипите ќе биде во периодот од 07.07-31.07.2018г. Бројот на екипите е ограничен.
4. Секоја екипа може да пријави по 10 (десет) играчи со нивна фотографија. Организаторот може дополнително да го зголеми бројот на играчи +2 играчи во вториот дел од Турнирот (со доплата од 1.500 ден. за играч)
5. Во случај на нерегуларност секоја екипа може да вложи жалба во писмена форма во рок од 2 часа по завршувањето на натпреварот до Комитетот за регуларност (кој го сочинуваат 1 член од организаторот и 2 независни членови).Одговорот на жалбата Комитетот за регуларност го донесува во рок од 4 часа по поднесувањето на приговорот. Одговорот на жалбата од страна на Комитетот за регуларност е конечен и јавно се соопштува на социјалната мрежа ФБ на профилот на Организаторот.
6. Ждребката за играњето во групи се одржува 1(еден) ден пред почетокот на Турнирот. Екипите што доаѓаат од поодалечените населени места (над 30км) може да предлагаат во кои денови ќе играат. Распоредот е конечен.
7. Натпреварите започнуваат во 19,30 часот и ќе се играат во Спортскиот центар “Гимназија“. Во случај на временски неприлики натпреварите ќе се играат во Спортската сала “Св.Климент Охридски“.
8. Во случај екипа да задоцни повеќе од 15 мин. натпреварот ќе биде регистриран со 3:0 за противничката екипа, а на екипата што не го одиграла натпреварот ќе и се одземат 3(три) бода. Во случај двете екипи да задоцнат повеќе од 15 мин. Натпреварот ќе биде регистриран како да се одиграл, а на двете екипи ќе им се одземат по 3(три) бода.
9. Официјални лица за контакт од Организаторот се: Јовица Блажески 078/209-582 и Горан Трајаноски 070/296-509.
10. Наградниот фонд за пријавени 24 екипи изнесува:
Прво место=150,000.оо денари
Второ место= 50,000.оо денари
Трето место= 30,000.оо денари

 

GOLD
To Top