Новости

Фудбал

Зидан донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата

Француската легенда Зинедин Зидан, кој веќе една сезона не работи ништо донел одлука каде да ја продолжи кариерата, објави „Ел Паис“, тврдејќи од доверливи информации дека веќе извесно е неговото седнување на клупата на италијанскиот великан Јувентус.

Според угледниот весник, кој има релевантни извори, Зидан ја чека одлуката на „старата дама“ околу иднината на Масимилијано Алегри за да прифати да седне на клупата на „старата дама“, нешто што од поодамна и други шпански и италијански медиуми го најавуваа. Според информациите на шпанскиот весник, Зидан има договор со првиот човек на торинскиот гигант за соработка до 2022 година и дека сите услови и детали се договорени, па се чека само на одлуката за раскинување на соработката со Алегри.

Во минатата недела беше најавено дека Алегри повеќе од извесно нема да продолжи на клупата на Јувентус, а само прашање е кога ќе се случи раскинувањето на договорот, до крајот на неделава, ако „старата дама“ не го мине Атлетико Мадрид во осминафиналето во ЛШ или по завршување на сезоната во која „бјанконерите“ ќе ја освојат осмата шампионска титула по ред.

Инаку „Ел Паис“ тврди дека само празна приказна биле информациите пласирани во последно време дека Флорентино Перез, првиот човек на Реал веќе го контактирал Зидан за Французинот по една година да се врати на „Сантјаго Бернабеу“. Според весникот, ниту Зидан чека повик, ниту Перез го контактирал, зашто двајцата се во исклучитело лоши односи.

Зидан си замина од „кралскиот клуб“ само десет дена по историскиот хет-трик на трофеи во ЛШ во Киев во мај лани, а причина за заминувањето на француската легенда се лошите односи со Перез и директорот Анхел Санчез, најмногу поради лошите проценки и уцените од првиот човек на „кралевите“. Имено, Зидан не се согласувал со купување на нов голман, а не сакал ниту Роналдо да биде продаден, додека од друга срана барал Герет Бејл да си замине. Сепак, Перез го направил спротивното, Роналдо беше продаден на Јувентус за 117 милиони евра, во Мадрид дојде Тибо Куртоа како прв голман, а Бејл требаше да биде новиот лидер.

На крајот, Реал за само една недела со три порази ги загуби сите шанси за да освои некаков трофеј сезонава, а срамно испадна од Ајакс во осминафиналето во ЛШ, што е најслаб резултат во последните девет години за „кралот“.

GOLD
To Top