Новости

Фудбал

Значајни три бода за опстанок на ФК Пелистер

Вардар загуби со 3:2 на денешниот меч со Пелистер во дербито на Македонија. Во интересен и возбудлив натпревар во кој што Вардар два пати имаше водство, на крајот во последните минути го загуби дербито.

Вардарци имаа прво 1:0, па потоа и 2:1, за Пелистер во вториот дел да направи пресврт, а патем не реализираше и удар од белата точка. „Црвено-црните“ испуштија неколку шанси за водство, а потоа беа „казнети“ со погодок во судиското надополнување.

Со оваа победа пелистерци сега имаат шанса да успеат да изборат опстанок до крајот на првенството.

GOLD
To Top