Ибрахимовиќ потпишува нов договор со ЛА Галакси

Ветеранот наводно им дал збор на челниците на Галакси дека ќе остане уште една година во МЛС-лигата. Швеѓанецот наскорот треба да потпише нов договор со тимот.
Ибрахимовиќ и во МЛС-лигата потврди дека и покрај годините и натаму е еден од најдобрите голгетери во светот. На 28 натпревари постигна 22 гола.
