Новости

Фудбал

Интер доби 2 нови засилувања, кои се играчите?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер веќе ги договори првите две засилувања – станува збор за Седрик Соареш и Диего Годин.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер веќе постигнале договор со Саутемптон и 27-годишниот Седрик Соареш веќе денес ќе потпише за миланскиот клуб.

Дефанзивецот на Саутемптон и португалската репрезентација денес ќе ги мине лекарските прегледи и ќе го носи дресот на Интер до крајот на оваа сезона како позајмен фудбалер, а Интер ќе има опција да го откупи неговиот договор за 11 милиони евра.

Покрај тоа, доцна синоќа пристигна информација дека стоперот на Атлетико Мадрид, Диего Годин успешно ги поминал медицинските прегледи, по што во следните неколку дена и официјално ќе стави потпис на двегодишен договор со Интер според кој ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона.

Диего Годин ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ како слободен играч со оглед на тоа што Уругваецот одбил да го продолжи договорот со Атлетико Мадрид.

GOLD
To Top