Новости

Фудбал

Интер и Еспањол профитираат од трансферот на Кутињо

Трансферот на фудбалерот Кутињо од Ливерпул во редовите на Барселона кој е вреден околу 120 милиони евра плус бонуси од 40 милиони, ќе им донесе солиден приход и на неговите поранешни клубови – Интер и Еспањол.

Италијанците кои го купија Кутињо во 2008 година од бразилскиот Васко де Гама а подоцна му го продадоа на Ливерпул, ќе инкасираат 2,5 милиони евра.

Шпанскиот состав пак, Еспањол, кој го ангажираше Кутињо како позајмен играч во 2012 година, според условите во договорот, ќе добие 300.000 илјади евра.

GOLD
GoldSlot
To Top