Новости

Фудбал

Интер попушти, Икарди е новата 18 на ПСЖ

Мауро Икарди до крајот на оваа натпреварувачка година ќе игра за ПСЖ. Аргентинецот и официјално е позајмен од Интер.

Зделката чини 5 милиони евра а вметната е откупна каузула од 65 милиони евра во случај ПСЖ да сака во целост да го откупи договорот на напаѓачот следното лето.

Икарди ќе заработи 7 милиони евра во оваа сезона а во случај да направи целосен трансфер во јуни 2020 тогаш ќе добие покачување од 3 милиони евра.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top