Новости

Фудбал

Интер тотално го отпиша Икарди – Лукаку ја зеде „деветката“

Најскапото засилување во историјата на Интер – Ромелу Лукаку, ќе игра со број 9 на „Џузепе Меаца“, објавија од клубот.

До сега, бројот му припаѓаше на екс-капитенот Мауро Икарди. Овој потег на „нероазурите“ покажува дека нема шанси Аргентинецот да биде користен од Антонио Конте.

Самиот Лукаку не ја криеше радоста што го напушти Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра без бонуси. Тој изрази задоволство што ќе работи под водство на Конте и го прогласи за најдобар тренер на планетата.

GOLD
To Top