Новости

Фудбал

Инфаркт додека играл фудбал: Почина синот на Кафу

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, рекордер по бројот на настапи за „кариоките“ и еден од најдобрите десни бекови во светот, Кафу (49) минува низ најтешките моментот во животот на еден родител. Неговиот повозрасен син Данило Фелисијано де Мораеш (30) почина од срцев удар додека играл фудбал со пријатели во семејниот дом во Сао Паоло.

Според бразилските медиуми, тој се пожалил дека му е лошо по само десет минути игра по што веднаш бил пренесен со амбулантно возило во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Алфавил, но и покрај големите напори, лекарите не успеале да го спасат.

-„Сао Паоло изразува длабоко жалење за смртта на синот на Кафу, Данило. Искрено сочувство и посакува многу сила во овие тешки моменти на поранешниот наш играч, до семејството и до неговите пријатели“, се наведува во соопштението на клубот во кој Кафу ја почна својата фудбалска кариера.

Кафу важи за фудбалска икона во Бразил. За националниот тим одигра 142 меча и двапати беше светски шампион со „кариоките“ на мундијалите во 1994 година (САД) и во 2002 година (Јапонија и Јужна Кореја). Со репрезентацијата освои и две титули на Копа Америка, а на клупски план, покрај Сао Паоло, играше и за Сарагоса, Палмеираш, Милан и Рома.

GOLD
To Top