Новости

Фудбал

Историја – Меси е првиот фудбалер кој е добитник на наградата за спортист на годината!

Наградата за најдобар спортист за 2019-та година ја поделија капитенот на Барселона и актуелниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон. Интересно е да се каже дека од воведувањето на наградата, Лионел Меси е првиот фудбалер кој е прогласен за спортист на годината. Наградата се доделува од 2000-та година, а најмногу пати ја има освоено Федерер, дури шест пати.  Исто така ова е првпат двајца спортисти да ја примат наградата „Лауреус“.

Двојката ја победи жестоката конкуренција а во гласањето учествуваат поранешни спортски ѕвезди. Манифестацијата се одржа во Берлин.

GOLD
To Top