Новости

Фудбал

И официјално: Роналдо се сели во Јувентус

Кристијано Роналдо е нов фудбалер на Јувентус, преку официјално соопштение потврди Реал Мадрид, а неколку минути подоцна истото го направи и Јувентус.

Трансферот на официјално најдобриот фудбалер на светот изнесува 105 милиони евра, а Роналдо ќе потпише 4-годишен договор со „старата дама“ вреден 120 милиони евра.

Претседателот на Јувентус Андреа Ањели моментално е во Грција со официјалниот фотограф, па наско се очекуваат првите фотографии на Роналдо во дресот на Јувентус.

GOLD
To Top