Новости

Фудбал

Калиниќ во јануари си заминува од Милан

Никола Калиниќ во јануари може да биде ставен на трансферната листата, објавија денеска медиумите во Италија.

Хрватот кој е посакуван од страна на кинескиот Гванжу Еверегранде ја реализира првата сезона на „Сан Сиро“, но, досега не успеа да се наметне. Хрватскиот репрезентатативец кој  беше ангажиран во текот на летото по барање на претходниот тренер Монтела, не е омилен и меѓу фановите на „росонерите“ што се виде и на последниот дуел со Торино.

Се претпоставува дека Милан може да ја прифати понудата на Кинезите кои нема да жалат на средства за да го обезбедат потписот на Калиниќ.

GOLD
To Top