Новости

Фудбал

Касиљас: Убаво се исплашив, но останав недопрен

Легендарниот капитен на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М) и поранешен репрезентативец на Шпанија, Икер Касиљас, под итно беше примен во една приватна болница во Порто. По извршениот лекарски преглед докторите потврдија дека голманот на Порто има преживеано инфаркт.

Неколку часа подоцна лекарскиот тим потврди дека животот на 37-годшниот голман не е во опасност и дека Касиљас веќе започнал со рехабилитација.

Со брзина на светлината се множеа пораките на неговите поранешни тимски колеги и пријатели, кои му посакаа брзо опоравување и враќање на зелениот терен, а во вечерните часови Шпанецот реши да им обрати на сите фанови преку друштвените мрежи.

-Сè е под контрола. Убаво се исплашив, но останав недопрен. Голема благодарност на сите за прекрасните пораки и за дадената љубов, напиша Касиљас на својот твитер-профил.

Раководните лица на Порто потврдија дека искусниот голман нема да се врати на зелениот терен до крајот на сезоната, но медиумите се убедени дека Касиљас поради новонастанатата ситуација ќе стави крај на својата богата кариера пренесува вечер.

GOLD
To Top