Новости

Фудбал

Кина ќе биде домаќин на следното Светско клупско првенство

Домаќин на следното Светско клупско првенство за 2021 година ќе биде во Кина, кадешто за првпат на турнирот ќе играат 24 тимови.

Оваа одлука беше едногласно донесена на Извршниот комитет на ФИФА, кој беше одржан во Шангај.

Натпреварувањето ќе биде одржано во јуни и јули 2021 година, а за првпат ќе се соберат 24 екипи од целиот свет.

По три екипи ќе бидат сместени во осум групи, а само победниците на истите ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Инаку, Светското клупско првенство првпат се одржа пред 19 години, а од 2005 година се одржува секоја година, па досега настапуваа само по седум тимови, а Реал мадрид е рекордер со четири титули.

GOLD
To Top