Новости

Фудбал

Клоп се врати на тренинзите на Ливерпул по лекарските прегледи во средата

Јирген Клоп се врати на работа откако вчера го пропуштил тренингот поради здравствен проблем.

Германецот не го водеше тренингот, а на Островот почнаа да шпекулираат за неговата состојба. Клоп бил подложен на неколку студии, и бил пуштен да се одмори дома.

Денес, менаџерот повторно го водеше Ливерпул пред натпреварот со Саутемптон во сабота.

Утре Клоп ќе ја одржи својата традиционална прес-конференција, на која, меѓу другото, се очекува да зборува за неговата посета во болницата.

Евротип
Евротип
To Top