Новости

Фудбал

„Комитите“ повикаа на бојкот пред мечот Вардар – Фенербахче

Навивачката група „Комити” испратија соопштение со кое повикуваат на бојкот на дуелот со Фенербахче и протест пред Јужна трибина.

Ова се случува откако управат на тимот одлучи цела трибина да им ја даде на турскиот рим за квалификацискиот меч за Лига Ееропа на „Телеком арена“.

Одлуката на управата на ФК Вардар да ја даде јужната трибина на гостинските навивачи е крајно дрско, несериозно и непрофесионално. Ваквиот однос на управата према сите Скопјани, Вардарци , Комити не смее да биде премолчен затоа ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ засегнати, СИТЕ ВАРДАРЦИ И КОМИТИ, да не купувате билети за натпреварот и да ни се придружите пред јужната трибина на 17.08.2017год. во 19:00 часот за да го изразиме нашиот револт, револтот на сите Скопјани, на сите генерации поминати, на сите оние кои животот го поминаа на југ . Западот ве повикува сите Македонци
17.08.2017, 19:00 сите пред јужна !
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА !!
ЈУЖНА Е ВАРДАР !!
ЈУЖНА СМЕ СИТЕ НИЕ !!!
30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД

Евротип
Евротип
To Top