Новости

Фудбал

Компани го пропушта дуелот на Белгија со БиХ

Дефанзивецот на Белгија, Винсет Компани, нема да учествува на претстојните квалификациски мечеви за Светското првенство, соопшти селекторот на националниот тим, Роберто Мартинез.

Фудбалерот првично доби покана за средбите со Босна и Херцеговинаи Кипар, но, мораше да се врати во Манчестер Сити бидејќи не ја залечил повредата што ја заработи на крајот на август. Мартинез негираше дека има тензии меѓу него и Сити, велејќи дека тие го следат напредокот на Компани и ја одржуваат добра комуникација со клубот.

„ Не е несогласување, имаме протоколи и начин на работа. Се јавивме кај играчите, тимот беше објавен во петокот а потоа имавме уште два дена за да направиме јасна проценка за состојбата на фудбалерите. Тоа е ситуацијата “, изјави Мартинез.

Евротип
SNBROKER
To Top