Новости

Фудбал

Конте не се помирува со поразот од Барселона

Тренерот на Интер, Антонио Конте, по поразот од Барселона во 2. коло од Лигата на шампионите (1:2), истакна дека неговиот тим заслужува повеќе.

„Мислам дека заслужуваме повеќе. Во поголемиот дел од натпреварот ѝ содававме проблеми на Барселона. Во второто полувреме нашите фудбалери малку се уморија, бидејќи имаа неколку натпревари во кус период. Но, убеден сум дека сепак заслуживме повеќе“, вели Конте.

„Тешко ми е да најдам позитивни моменти по поразите. Еден добар тим никогаш не се враќа дома радосен по загубениот меч, дури и по такво одлично издание“, додаде италијанскиот тренер.

Интер е во незавидна положба во Ф-групата од ЛШ и по две кола има само еден бод.

GOLD
To Top