Новости

Фудбал

Кристијано Роналдо нема кривично да одговара

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, нема кривично да одговара околу обвиненијата за наводниот секс – скандал кој го имал во 2009 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Кетрин Мајорга прво го обвини Португалецот за напад во 2009 година, но потоа двајцата наводно се согласиле на договор вреден 375.000 долари. Речиси десет години подоцна, таа побара повторно да се отвори случајот.

Судот во Лас Вегас донесе одлука дека наводите за сексуален напад против Кристијано Роналдо не можат да бидат докажани и покрај основаното сомневање.

dribling.mk

GOLD
To Top