Новости

Фудбал

Кутињо: Ливерпул е голем клуб, но сакам во Барселона

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Ливерпул, Филип Кутињо, го коментираше неговиот неуспешен трансфер во Барселона. Во текот на летото Каталонците испратија три понуди за Бразилецот, но, тие беа одбиени од страна на „црвените“.

„Се случи да добијам понуда а во животот понекогаш ме интересираа такви сугестии, понекогаш не – во мојот случај, како што сите знаат, бев заинтересиран, истото се однесува и за моето семејство. Понуда од таков престижен клуб како Барселона. Во исто време е чест да играм за Ливерпул, огромен клуб кој е познат во целиот свет. Јас сум тука да дадам се од себе како што павев досега. Моја цел е да играм добро и да му помогнам на тимот.”, рече Кутињо за „ESPN“ во Бразил.

GOLD
SN Finansii
To Top