Новости

Фудбал

ЛЕ жрепка: Адеми со Динамо на мегдан со Бенфика, дербито е Интер – Ајнтрахт

Предмалку во Нион, Швајцарија, беа извлечени двојките за осминафиналето во второто по квалитет фудбалско натпреварување на Стариот Континент, Лига Европа.

Според репутацијата на тимовите, се очекува најинтересен да биде дуелот меѓу Интер и Ајнтрахт Франкфурт.
Англиските претставници во ова натпреварување, Челси и Арсенал, за противници ги добија Динамо Киев, односно француски Рен.

Македонецот Аријан Адеми со својот Динамо Загреб ќе оди на мегдан со португалскиот фудбалски гигант, тимот на Бенфика.

Првите дуели се закажани за 7 март годинава, додека пак реваншите ќе бидат една седмица подоцна.
Финалето на Лига Европа годинава ќе се одржи на 29 мај, во Баку, Азербејџан.

Ова се сите парови од денешната жрепка во ЛЕ:

Челси-Динамо Киев
Ајнтрахт Франкфурт-Интер
Динамо Загреб – Бенфика
Наполи – Салцбург
Валенсија – Краснодар
Севилја -Славија Прага
Арсенал – Рен
Зенит – Вилјареал

GOLD
To Top