Новости

Фудбал

ЛШ: Чудото се случи, Ливерпул ја елиминираше Барселона

Историска ноќ на легендарниот „Енфилд Роуд“, домашниот Ливерпул ја елиминираше фаворизираната Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Шпанскиот првак  допатува во Англија со позитива од првиот меч од 3-0 , но си замина дома со полна мрежа голови.

Популарните „редси“ и без повредените Салах и Фирмињо, му одржаа вистински час по модерен фудбал на големиот противник., Барселона е поразена со убедливи 4-0.

Епски натпревар на Енфилд кој сигурно ќе влезе во историјата на светскиот фудбал. Ливерпул ја сруши на колена  и ја понижи силната Барселона.

Каталонскиот великан е исфрлен од полуфиналето, Ливерпул е првиот финлист во Лигата на шампионите.

Храбрите момчиња на Јирген Клоп не се исплашија од големата Барселона и покрај негативата од првиот меч од 3-0.

На Барселона синоќа и се повторни минатогодишната катастрофа против Рома. Предводникот на каталонците валверде дозволи неговиот тим да доживее вистински дебакл на Енфилд и да прими дури 4-0 голови.

Ливерпул го доби полуфиналниот реванш со головите на Ориги во 7 и 79 минута , односно „резервистот“ Вајналдум во 54 и 56 минута.

Ливерпул го закажа финалето во кое ќе го очекува подобриот од дуелот Ајакс –Тотенхем.

Холандската сензација  полуфиналниот реванш на домашен терен го очекува со предност од првиот натпревар од 1-0.

GOLD
To Top