Новости

Фудбал

Лазаров: Минималната цел ни е пласман во вториот круг

Македонската ракометна репрезентација полека се комплетира на подготовките за настап на Европското првенство.

Од вчера ракометарите тренираат во ВИП арената Борис Трајковски, а во Скопје се пристигнати поголемиот дел од играчите кои се во комбинација за настап во дресот на националниот тим.

“Секој натпревар е различен, ние така и ќе се поставиме без разлика дали во претходниот меч сме славеле или сме изгубеле. Мое лично мислење како долгогодишен репрезентативец и како капитен е дека Македонија може да се носи со секој противник. Се надевам дека ова ќе биде долго првенство, ќе ја оствариме првата и основна цел – пласман во следната фаза, а потоа да бидеме максимално фокусирани и однапред со ниту една репрезентација да не се предадеме. Без разлика дали играме со Германија, Данска или Шпанија, нема зошто да се плашиме, бидејќи верувам дека можеме да го изненадиме секој ривал. Ние сме искусна репрезентација што има минато многу зад себе, тоа ќе ни биде предност за да се обидеме да одиграме квалитетно првенство. Имаме квалитетни репрезентативци, квалитетно раководство, претседател, тренер, така што постојат сите предуслови за наш добар резултат”, изјави капитенот Кире Лазаров.

 

GOLD
To Top