Новости

Фудбал

Лесен триумф во Рига, Пандев и Барди ја урнаа Летонија

По пет и пол месеци и пет натпревари во нив, конечно се израдувавме на втора победа за македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕП 2020. Кога не можеме против посилните, не ни бега аутсајдерот во групата, Летонија, кој синоќа во својата престолнина, Рига, настрада со 0-2 од црвено-жолтите.

Иако бевме подобри од Летонците цел натпревар, се што беше вредно за да влезе во официјалните записници се случи уште во раните минути.

Во 14-тата, Македонија ја имаше првата конкретна акција и веднаш го отвори резултатот. Елмас и Барди направија двојно проигрување, Пандев беше егзекутор за продолжување на неговиот рекорд – 35. гол во репрезентативниот дрес. Само три минути подоцна, акцијата тргна од истата страна, а овој пат Барди налета на еден отпадок и го потврди својот разорен удар од далечина за 2-0. До крајот на полувремето (32 мин.) Пандев имаше шанса и за втор гол, очи в очи со противничкиот чувар на мрежата, но беше запрен.

Во вториот дел не се случи ништо позначајно, играта спласна како доаѓаше крајот и овие два гола останаа единствената важно случување во натпреварот.

Ова е втора победа за Македонија во шест дуели, со која дојдовме до 8 бода на петтото место, колку што има и четвртопласираниот Израел.

Тој вечерва загуби од Словенија со 3-2 во Љубљана, па затоа Словенците се втори на табелата со 11 бода, еден повеќе од третопласираната Австрија и два помалку од лидерот, Полска.

Потсетуваме дека на ЕП се пласираат само првите две од секоја група. Шанса да се доближи дотаму, Македонија ќе има на 10 октомври, кога во Скопје гостува Словенија.

GOLD
To Top