Новости

Фудбал

Лоши вести за Мурињо!

Тотенхем се наоѓа во огромни проблеми пред најважниот дел од сезоната. Моментално најдобриот фудбалер Сон заработи скршеница на десната рака на мечот со Астон Вила минатото коло и во текот на оваа недела ќе се оперира. Тој уште во првата минута на мечот против Астон Вила ја скршил раката но покрај тоа тој остана во игра цел меч и постигна два погодоци во победата од 3-2. Фрактурата ќе го натера корејскиот напаѓач да паузира неколку седмици, што се нови лоши вести за Мурињо, кој веќе има проблеми во нападот поради отсуството на Кејн. Сон има постигнато 16 погодоци во сите натпреварувања оваа сезона.  Тој сигурно  ќе ги пропушти двата меча со Лајпциг во Лигата на шампионите и исто така нема да биде дел од Лондонското дерби со Челзи а можеби и наредните средби во Премиер Лигата.

Веќе утре е првиот натпревар во Лигата на Шампионите каде тимот на Мурињо е домаќин на Лајпциг, а реваншот е на 10-ти идниот месец.

GOLD
To Top