Новости

Фудбал

Лук Шо стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед

Бекот на Манчестер јунајтед, Лук Шо потпиша нов петгодишен договор со клубот според кој би требало да заработува 10 милиони фунти по сезона.

23-годишниот Лук Шо беше на заминување од Олд Трафорд, во изминатите две години се мачеше со повреди но и не добиваше вистинска шанса од Мурињо. Тоа се промени оваа сезона и тој блесна.
Има фантастични настапи и за Јунајтед и за англиската репрезентација, па заработи нов договор.
„Горд сум што потпишувам нов договор и што го продолжувам мојот престој во овој голем клуб. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа голема поддршка, менаџментот, соиграчите и фановите. Сакам сите да знаат дека ќе давам се од себе и ќе им се оддолжам и ќе испорачаме успех во годините што престојат. Уште сум млад имам уште многу да учам и не можам да дочекам да го продолжам мојот прогрес под водство на Жозе Мурињо“, изјави Шо.
Мурињо има само пофални зборови за Шо.
„Лук потполно го заслужи овој договор. Тој го сфати процесот на развој, работешт навистина напорно на секое ниво и постојано веруваше во себе, и тоа е многу добро да го имате. Лук се уште е млад и постојано напредува и мора да се чувствува навистина гордо на себе си. Среќен сум што задржуваме таков талентиран млад англиски играч со светла иднина пред него“, изјави Мурињо.
GOLD
To Top