Новости

Фудбал

Македонија ги доби противниците за Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација се најде во група со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар во првото издание на Лигата на Нации под капата на УЕФА.

Новото репрезентативно натпреварување стартува во септември, а Македонија како носител во Лигата „Д“ за противници доби условно послаби репрезентации против кои ќе се бори за пласман на првото место кое води во баражот од „Д“-зоната и пласман во погорен ранг на натпреварување, но и задржување за шансите во бараж за пласман на ЕП 2020 година.

Групната фаза на Лигата на нации ќе почне на 6-8 септември 2018 година, а ќе заврши со завршните полуфинални и финални натпревари во јуни 2019 година.

GOLD
To Top