Новости

Фудбал

Македонија има само една цел, победа против Полска за одржување на сонот

Македонската сениорска фудбалска репрезентација, вечерва (20:45) ќе и гостува на Полска во Варшава во 8 коло од евроквалификациите.

Селекеторот Ангеловски се соочува со неколку проблеми, Адеми и Алиоски се неизвесни за настап, Тричковски испадна од комбинација поради повреда а од предходно во тимот не е Енис Барди.

Ако на ова се додаде истрошеноста на Стефан Ристовски и на капитенот Горан Пандев, ситуацијата е далеку од оптимална но оптимизам има и нема зошто да не се верува во освојување на најмалку бод.

„Уживам во се што ни се случува со националниот тим, играчите се посветени на тимот, Стефан Ристовски даде се од себе против Словенија, видовте дека и повредени играа, ќе се обидеме да останеме непоразени и на ова гостување“ – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Македонија по седум кола е на третото мест ово групата Г со 11 бода, два повеќе има Австрија на второто место а лидер е Полска со 16 бода.

Од нашата група денеска уште ќе играат: Словенија – Австрија и Израел – Летонија.

dribling.mk

GOLD
To Top