Новости

Фудбал

Македонија и селекторот Ангеловски со сериозни проблеми пред дуелот со Австрија

Евроквалификацискиот двомеч на 16 ноевмри против Австрија (Виена) и на 19 ноември против Израел (Скопје) доаѓа во најлош момент за нашата сенирорска репрезентација.

Муслиу, Николов и Несторовски се суспендирани поради жолти картони и ќе може да играат само на дуелот на „Тодор Проески“ против Израел.

Дориев и Стоилов (Академија Пандев) се повредени и дефинитивно нема да бидат во комбинација за настап како и Влатко Стојановски (Ним) кој сеуште не е опоравен извесно е дека нема да биде подготвен.

Алиоски е неизвесен поради повреда а Бејтулаи од вчера тренира.

Кога на ова ќе се додаде дека Трајковски и Елмас немаат доволно минути за Мајорка и за Наполи, јасно е дека не сме во посакуваната форма пред дуелот со Австрија.

Во однос на предходниот двомеч, сега Ангеловски ќе може да смета на Дарко Велковски и на Енис Барди.

Позитивен момент носи формата во која игра капитенот Горан Пандев за Џенова.

Ангеловски утре ќе го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за првиот тим на Македонија во завршните две кола од евроквалификациите.

Македонија по осум натпревари во гурпата Г е на третото место со 11 бода колку што имаат и Словенија и Израел. Австрија е втора со 16 бода а лидер е Полска со 19 бодови и обезбеден пласман на ЕУРО 2020.

Извор: dribling.mk

GOLD
To Top