Новости

Фудбал

Македонија остана на 68.место на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 68.место на ранг листата на ФИФА, позиција што ја имаше и на претходнот рангирање во септември 2018 година. Победата над Лихтенштајн и поразот од Ерменија не оставија на истото место.

До следното рангирање, македонските фудбалери ќе одиграат два натпревара со Лихтенштајн на гости и со Гибралтар на домашен терен.

На врвот во ТОП 10 репрезентациите се: Белгија, Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.

GOLD
To Top