Новости

Фудбал

Македонија со преполовен состав против Австрија

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот со 23 фудбалери за претстојните два квалификациски натпревара за Европското првенство (ЕП) 2020 година, против Австрија (16 ноември) во Виена и против Израел (19 ноември) во Скопје.

– Ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме на следните два меча. Ќе биде тешко против Австрија, таа е пред заверка на пласманот на ЕП, но нам не ни е сеедно како ќе заврши мечот во Виена. Во ситуација сме да размислуваме и за претстојните мечеви во Лигата на нациите (ЛН) напролет – вели Ангеловски.

Дебитант во репрезентацијата е фудбалерот на Вардар, Даниел Аврамовски, а повратник Никола Ѓорѓев од швајцарски Грасхоперс. Поради жолти картони на натпреварот против Австрија нема да настапат Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски. Поради повреда двата натпревара ќе ги пропушти Аријан Адеми.

Собирот на репрезентативците е закажан за в понеделник, напладне во хотелот „Плаза“ во Скопје. Репрезентативците ќе тренираат на терените на СЦ „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче во Скопје, а за Виена ќе отпатуваат в петок претпладне.


Состав на Македонија
ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајло Валјекано, Шпанија), Дејан Илиев (Серед, Словачка), Дамјан Шишковски (Работнички)
ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг, Португалија), Дарко Велковски (Риека, Хрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Кристијан Тошевски (Вардар), Марио Младеновски (Вардар).
СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (Хапоел Тел Авив, Израел), Езџан Алиоски (Лидс, Англија), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Даниел Аврамовски (Вардар), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија).
НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Влатко Стојановски (Ним, Франција).

GOLD
To Top