Новости

Фудбал

Марсело веќе е нов фудбалер на Јувентус

Бразилецот Марсело поради проблеми со повреда, но и поради лоши односи со тренерот Солари, веќе извесен период не е во стартниот состав на Реал Мадрид.

Марсело во Мадрид е од пред 12 години израснувајќи во еден од најдобрите леви бекови на светот. Сепак, сега се повеќе се потенцира дека е на патот по кој одеше Кристијано Роналдо и следната сезона ќе игра во дресот на Јувентус.

Дека нешто тука се „готви“ најдобро зборува и агентот на аргентинскиот фудбалер од Ајакс, Николас Таљафико. Аргентинецот е „мета“ на Реал Мадрид кој сака да го донесе на крајот од сезоната. Неговиот агент Рикардо Шлипер потврди дека поради неговиот фудбалер, Марсело сигурно ги напушта „кралевите“.

„Ексклузивно може да ви кажам дека Марсело е нов фудбалер на Јувентус. Се е тука договорено. Ми се јавија од Реал и бараа да почнеме преговори за Николас затоа што итно ќе им треба лев бек на крајот од сезоната. Марсело одлучил да замине, а се знае дека Роналдо веќе го убедил да потпише за Јувентус“ – вели Шлипер.

GOLD
To Top