Новости

Фудбал

Марјан Стојкоски е нов координатор на сите македонски фудбалски селекции

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ го назначи Марјан Стојкоски-Манта за национален координатор на сите селекции на Македонија. Прилепчанецот Стојкоски е поранешен репрезентативец на Македонија и трофеен фудбалер во прилепска Победа, Македонија Ѓорче Петров и Вардар.

Како фудбалски функционер беше дел од структурите на Победа и 11 Октомври, а денес е претседател на ОФС Прилеп.

Лазар Ракиџиев е именуван за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Донесена е и одлука да биде исплатена премија во висина од четири илијади евра за фудбалерите кои настапија за А репрезентацијата на Македонија на квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во 2020 година против Летонија и Словенија, на кои Македонија освои четири бода.

GOLD
To Top