Новости

Фудбал

Менаџерот го понудил Дракслер во Барселона

Агентот на Јулијан Дракслер го понудил својот клиент на Барселона, пишува Ел Мундо Депортиво. Од неодамна, односот помеѓу 23-годишниот играч и тренерот на ПСЖ Унаи Емери е затегнат.

Шпанецот не го гледа Џулијан како стартер, па затоа играчот размислува да го напушти Париз. Една опција за Дракслер е Барселона, а агентот на играчот имал средба со претставници на Каталонците.

Минатата сезона ПСЖ плати 38 милиони евра за германскиот репрезентативец и при евентуална продажба, тие ќе сакаат да земат повеќе пари.

Сепак, Барселона има богат избор, откако Шпанците се фаворити за потписот на Филипе Кутињо од Ливерпул и Усман Дембеле од Борусија Дортмунд.

GOLD
To Top