Новости

Фудбал

Менди сериозно повреден, го чека долга пауза

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди, ќе биде надвор од теренот за неопределено време откако неговата повреда е потешка од очекуваното.

Во средината на првиот дел од натпреварот против Кристал Палас во шампионатот, Менди доби удар во коленото, по што не можеше да продолжи да игра. Подоцна лекарите проценија дека повредата не е сериозна и тој би требало да биде во групата за натпреварот со Шахтјор (Донецк) во Лигата на шампионите синоќа.

Но, при последниот тренинг вчера наутро, брзо го напуштил теренот, логично на тоа и не се најде во комбинација за настап на мечот со Шахтјор.

GOLD
To Top