Новости

Фудбал

Меси, Марадона, Буфон и останатите не се откажуваат: Потрагата за Сала продолжува

Помина една недела од големата авионска несреќа во која исчезна аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала.

Минатиот понеделник фудбалскиот свет го потресе голема трагедија, авионот кој требаше да го донесе Емилијано Сала во Кардиф исчезна над Ла Манш. Од овој кобен момент до денеска освен делови од авионот,, полицијата на успеа да го најде ниту аргентинскиот фудбалер, ниту пак пилотот.

Официјалната потрага по Сала траеше неколку дена, а потоа официјално истата беше завршена. Блиските на Аргентинецот, соиграчите од Нант, како и познати фудбалски имиња не можеа да се помират со одлуката на полицијата, па решија да превземат мерки, спроведоа акција на интернет.

Семејството на Сала и пријателите успеаја да соберат преку 300.000 евра за да продолжи потрагата по него, меѓу нив се споменуваат Лионел Меси, Марадона, Џиџи Буфон, како и тренерот на Нант, Вахид Халихоџиќ.

GOLD
To Top