Новости

Фудбал

Меси и Гвардиола донираа по еден милион евра во борбата против коронавирусот!

Познати имиња во светот на спортот, како и актери, пејачи итн ја користат својата финансиска моќ за да помогнат во борбата од коронавирусот. Синоќа од Шпанија ни пристигна вест дека Лионел Меси донираше еден милион евра за болниците во Барселона во борбата против коронавирусот. Исто така и стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола издвои еден милион евра, донирајќи ги на каталонски фонд што ќе изврши набавка на медицинска опрема.

Да потсетиме дека Шпанија по Италија во моментов е една од најпогодените земји од коронавирусот.

GOLD
To Top