Новости

Фудбал

Милан е во најголем финасиски минус во историјата на клубот

Гигантот од Италија, Милан, е во најголем финансиски минус во историјата на клубот, ова го објави „GazzettadelloSport“.

Милан го прикажа финанискиот извештај во кој јасно се гледа дека е во минус од 156 милиони евра, ваква состојба клубот од „Сан Сиро“ немал никогаш во клупската историја.

Лимитот за минусно салдо е 90 милиони, Милан го надмина за 66 милиони е во крајно неповолна ситуација.

Клубот смени три сопственици во последните три години, сега има експерт за финансии кој дојде од Арсенал, Иван Газидис, тој се обидува да го извлече Милан од катастрофалната ситуација.

Милан е далеку од настап во Лигата на шампионите, нема трофеи подолго време, ги менува тренерите многу често, опадна продажбата на билети, спонзорските договори се многу послаби во споредба со минатите сезони, сето тоа го однесе клубот во алармантна финансиска состојба.

Воедно Милан ги зголеми трошоците за плати, во минус е од продажбата на фудбалери вкупно 103 милиони евра.

dribling.mk

GOLD
To Top