Новости

Фудбал

Милан и Адидас ја прекинуваат дведецениската соработка

Патиштата на Милан и Адидас се рзделуваат, стои во официјалното соопштение на италијанскиот клуб. Договорот меѓу двете страни истекува следното лето и нема да се обновува.

Росонерите играа со опремата на германскиот концерн од 1 јули 1998 година. За прв пат фудбалерите на миланскиот гигант се облекуваа со „Адидас” во сезоната 1978/1979 година, кога ја освоија јубилејната десета титула.

Помеѓу 1990 и 1993 година „црвено-црните” повторно беа во дресовите на овој светски бренд, кој го вратија по соработката соиталијанскиот „Лото” и по поразот во финалето против Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите.

GOLD
To Top