Новости

Фудбал

Милан нуди 40 милиони евра за Ребиќ?

„Росоњерите“ не успеваат да го реализираат трансферот на Анхел Кореа од Атлетико Мадрид, па сега се насочуваат кон други решенија.

Наводно од Милан понудиле 45 милиони евра, меѓутоа „Јорганџиите“ не сакале да го продадат својот фудбалер за сума помала од 55 милиони евра. Поради тоа, Ѕвонимир Бобан и Паоло Малдини сега се насочуваат кон други решенија за нападот на Милан.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан сега се подготвува да понуди 40 милиони евра за хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ.

Ребиќ веќе настапуваше во Серија А во таборот на Фиорентина, па не би требало да биде проблем неговото прилагодување на Апенините. Тој би играл веднаш зад Пјатек и Леао во нападот, или пак заедно со уште еден од нив.

GOLD
To Top